Јаник Синер ослободен од сите обвиненија за допинг!

Светската антидопинг агенција (ВАДА) не поднесе жалба на пресудата на Судот за спортска арбитража (САС) во Лозана, во случајот со пресудата против италијаскиот тенисер, Јаник Синер поради допинг скандалот! Со тоа Синер е ослободен од сите обвиненија.

За потсетување, Синер двапати беше позитивен на забранетата супстанца клостерол, но суспензиите веднаш му беа укинати.

Тој потоа успеа да триумфира на САД опен, но мораше малку да почека, со оглед на тоа дека ВАДА, како и италијанската антидопинг агенција, можеа да се жалат на одлуката на Интернационалната агенција за интегритет во тенис (ИТИА).

Но, на крајот тоа не го направи ниту едната ниту другата спомената организација, што го потврди и италијанскиот весник „Кориере дела сера“.

Само по себе, тоа значи дека титулите што Синер ги освои, на САД опен и во Мајами ќе останат во негова сопственост, заедно со бодовите за пласманот во полуфиналето на Индијан Велс и во Монте Карло, за четвртфиналето на турнирот во Мадрид,  полуфиналето на Ролан Гарос итн.

 

Прочитајте уште...  Ѓоковиќ и Мареј ја продолжуваат соработката

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.