Златото му беше приоритет во Париз, а не САД ОПЕН, па сега може и мора да се опушта

Најтрофејниот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, иако освои злато на ОИ во Париз пред еден месец, не се прослави баш годинава на САД ОПЕН.

Но тоа премногу и не го оптеретува, бидејки тој го оствари тоа што сакаше, а тоа е она што му недостасуваше – златото на Олимпијадата.

Во Њујорк беше елиминиран во 3. коло од Алексеј Попирин, па сега слободно може да размислува кон следните предизвици кои го чекаат.

Го очекуваат мечеви со Грција во Дејвис Куп репрезентацијата овој месец, па на турнири во Шангај и подоцна повторно во Париз.

Главната цел годинава тој ја исполни, со што ја комплетира колекцијата на трофеи кои ги има освоено во кариерата.

Но дека Новак Ѓоковиќ се опушта, докажува и неговата последна фотографија. Седнат под дрво со затворени очи, се опушта и ужива во природа.

@djokernole

 

Прочитајте уште...  Надал отвори музеј на своите успеси на Ролан Гарос

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.