Френсис Тиафо и Тејлор Фриц меѓусебе ќе одлучуваат за финалистот на последниот грен слем турнир годинава, на САД оопен во Њујорк.
За прв пат по Енди Родик, кој загуби од Роџер Федерер во 2006 година, САД ќе имаат финалист на машкиот дел од турнирот. За престижното место ќе играат Тејлор Фриц и Френсис Тиафо
Тиафо водеше со 6:3, 6:7(5), 6:3 и 4:1 кога Бугаринот, Григор Димитров.го предаде мечот поради повреда на мускулот. Тенисерот од Мериленд го повтори успехот од 2022 година; потоа во полуфиналето беше поразен од Карлос Алкараз со 3:2 во сетови.
– Тоа ќе биде најголемиот натпревар во мојот и во животот на Фриц. Се познаваме и играме уште од 14 години. Знам дека тоа е американска борба, но се надевам дека публиката ќе биде на моја страна, изјави Тиафо.
Ветеранот Димитров (33) останува на три грен слем полуфиналиња , последното на САД опен пред пет години. Тој се повреди на крајот од третиот сет, кога повика медицински тајм-аут со зборовите „Готово“ и го напушти теренот по неколку минути. Се обиде да продолжи, но од тој момент на теренот беше претежно Тиафо.
Судирот меѓу Фриц и Тиафо ќе биде првото американско полуфинале на УС Опен по судирот меѓу Агаси и Џинепри во 2005 година.
Дрејпер и Де Минаур или Синер и Медведев се борат за уште две места во полуфиналето.