Италијанецот, Јаник Синер и Русинот, Данил Медведев, ќе се сретнат во четвртфиналето на САД опен. Победникот од тој дуел ќе биде главен фаворит за освојување на грен слем титулата во Њујорк.
Русинот минатата ноќ го совлада Нуно Борхес (6:0, 6:1, 6:3), а Синер неколку часа подоцна го елиминира Томи Пол (7:6, 7:6, 6:1).
Сега на стадионот „Артур Еш“ ќе се гледа реприза на финалето на годинашното Отворено првенство на Австралија во Мелбурн, во кое Синер ја анулира негативата од 0:2 во сетови и го освои првиот и досега единствен грен слем.
Светскиот тенисер број еден, чиј настап во Њујорк е во сенка на допинг скандалот, изјави дека очекува меч со многу долги поени.
Jannik Sinner hits a beautiful passing shot against Tommy Paul at the US Open.
From so far behind the baseline, this is a stunner.
What a way to break serve.
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) September 3, 2024
– Се надевам дека ќе бидам физички подготвен. Тоа ќе биде и физичка и психолошка битка. Јас бев подобар во Австралија, а тој славеше во Вимблдон. Тие дуели отидоа во петтиот сет.
Jannik Sinner and Daniil Medvedev’s last two Grand Slam Meetings:
2024 Wimbledon: Medvedev wins 6-7, 6-4, 7-6, 2-6, 6-3
2024 Australian Open: Sinner wins 3-6, 3-6, 6-4, 6-4, 6-3We’re ready.
— US Open Tennis (@usopen) September 3, 2024
Во второто четвртфинале ќе ја видиме пресметката меѓу Британецот, Џек Дрејпер и Австралиецот, Алекс де Минор. Ниту еден од двајцата снема играно во грен слем полуфинале во кариерата.
Во долната половина од ждрепката, полуфиналисти ќе се добијат помечевите меѓу Тејлор Фриц и Александар Зверев, односно Григор Димитров и Френсис Тиафо.