По потписите на Бразилецот Рудолф Хекберт, Полјакот Анџеј Видмовски, Египќанецот Ибрахим Калед Валис и Мирче Калајџиески, ново име во битолскиот клуб е Словенецот Ник Хенигман.
29-годишниот Хенигман потпиша на една сезона, со опција за уште една ако двете страни бидат согласни. Се работи за искусен лев бек, кој во кариерата играл за домашната Рибница, унгарскиот ПИК Сегед и француските клубови Сант Рафаел. За словенечката репрезентација одигра скоро сто натпревари, од 2016 година до денес, а најголем успех му е бронзата од Светското првенство во Фрaнcција во 2017 година.
Хенигман е висок 201 сантиметар, поседува квалитет и харизма, кој лесно беше забележлив во сите негови клубови и националната репрезентација.
Неговото претставување во Битола е предвидено на крајот од јули, по почетокот на подготовките на екипата за сезоната 2025/26.