Савревски нов ракометар на ГРК Охрид

Ракометниот суперлигаш ГРК Охрид продолжува со ангажман на нови играчи. Најново засилување за Охриѓани е македонскиот репрезентативец Давид Савревски.

– Давид Савревски ново име во редовите на ГРК Охрид! Македонскиот репрезентативец игра на позицијата десен бек (195цм) и има само 22 години. Стави потпис со “Гладијаторите” на миниум 2 години, објави ГРК Охрид.

Савревски во новата клупска средина доаѓа од Алкалоид по три сезони и настапи во Европските купови, а пред тоа играше и за Вардар.

Сезоната 2024/25, ГРК Охрид ја заврши на 4.место и обезбеден пласман во евро-куповите следната кампања.

Прочитајте уште...  АЕК не излезе на теренот, ЕХФ жестоко го казни Партизан

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.