РФМ ги делегираше судиите за завршниот турнир во ракометниот Куп

Ракометната федерација на Македонија ги одреди официјалните лица за завршницата на Купот на Македонија во машка и женска конкуренција.

​Кај мажите за првото полуфинале меѓу Вардар и Алкалоид делегирани се Исмаил Металари и Ненад Николовски, додека на вториот меч меѓу Еурофарм Пелистер и Охрид ќе судат нашите најдобри судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски. Засега не се познати арбитрите за финалниот натпревар, ама голема е веројатноста честа да им припадне на најдобрите.

Од друга страна, на турнирот во Радовиш кај дамите првото полуфинале во кое играат Ѓорче Петров и Вардар ќе го судат Сања Божиновска и Адриана Здравковска, додека мечот меѓу Чаир и Металург им припадна на Михајло и Методија Илиевски.

Кај дамите веќе е познато дека финалето ќе го судат Марија Илиева и Силвана Карбеска.

Прочитајте уште...  Гиљермо Милано не е повеќе тренер на РК Вардар

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.