ЕХФ не дозволи одложување на Словенија – Македонија, ќе има минута молк

Ракометната федерација на Македонија извести дека барала одложување на мечот меѓу Словенија и Македонија во рамки на квалификациите на Европското првенство (ЕП), но не добила зелено светло.

РФМ стапила во контакт со официјални лица од Европската ракометна федерација и поради трагедијата во Кочани во која загинаа многу лица побара одложување на натпреварот во Копер. Но, истото не било одобрено.

Според ЕХФ-регулативите доколку некоја од репрезентатициите не одигра натпревар, ќе биде исклучена од квалификациите, нејзините резултати ќе се избришат, федерацијата ќе добие казна од 35.000 евра, а ќе мора да се платат и сите трошоци на организаторот.

Натпреварот меѓу Словенија и Македонија ќе се игра и ќе започне со минута молк.

Прочитајте уште...  Алкалоид ги одреди цените на билетите за финалето против АЕК

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.