Дуелот со Бриксен подготовка за Алкалоид за дербито со Пелистер

РК Алкалоид во сабота ќе го одигра осминафиналниот реванш во ЕХФ Европската лига против Бриксен. Алкалоид со една нога е во следната фаза бидејќи во првиот меч славеше со 44:32.

„За мене малку неочекувано во овој период на годината, дојдовме до висока и убедлива победа прротив квалитетен ривал од Италиа. Знаеме дека нивниот ракомет е во подем како репрезентативен така и клупски, така што високата гол-разлика е неочекувана. Одигравме еден квалитетен меч, ни одеше се од рака и резултатот од Италија не е реален.

Се одлепивме во последните минути, во 50 минута беше само четири гола предност, па така нема да го потцениме ривалот, иако можам да кажам дека сме поквалитетен противник од нив.

Ракометарите одиграа одлично, ни следува реванш во Скопје, со истиот противник. Сакам и очекувам да победиме, заради нашиот рејтинг и македонскиот ракомет. Доста добро се подготвивме за овој натпревар и спремни ќе го дочекаме натпреварот против Бриксен“, рече на прес конференцијата тренерот на Алкалоид, Кирил Лазаров.

Алкалоид ќе го пречека Бриксен в сабота со почеток во 18 часот.

Прочитајте уште...  АЕК не излезе на теренот, ЕХФ жестоко го казни Партизан

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.