Управите на Веспрем и Висла Плок се решија на чекор кој не им се допадна на навивачите на хрватската ракометна репрезентација.
Учесниците во Лигата на шампионите им забранија на Лука Циндриќ, Никола Граховац и Леон Сушња веднаш да му се приклучат на националниот тим, а тоа автоматски значи дека тие ќе пристигнат на подготовките за Светското првенство дури после новогодишните празници.
Со задоцнување ќе се приклучат Домагој Дувњак, Иван Мартиновиќ и Доминик Кузмановиќ порази нивните обврски во германската Бундеслига, па така селекторот Дагур Сигурдсон ќе има целиот тим на располагање на само десетина дена пред почетокот на ракометниот Мундијал.
Хрватска ќе се натпреварува во групата Х, каде ќе ја има фаворитската улога во конкуренција на Аргентина, Египет и Бахреин.