Важни бодови за Холандија против Швајцарија

Холандија запиша важна победа против Швајцарија во продолжување на сонот за пласман во полуфиналето. „Лалињата“ без проблем славеа против Швајцарија совладувајќи ја со 37-29.

Одличната игра во првото полувреме практично беше одлучувачка за триумфот на ракометарките на Холандија кои ќе чекаат расплет на денешните мечеви и секако на последните пресметки од главната рунда кои се закажани за во среда.

Левото холандско крило Зои Шпренгерс е најдобар стрелец со седум гола од седум обиди, таа беше прогласена за играч на натпреварот. Дафне Гоши имаше шест гола и шест асистенции кај Швајцарија.

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.