Живко Мукаетов најави заминување од РФМ!

Живко Мукаетов на денешното Редовно Сорание кое се одржува во овој момент го најави своето заминување од претседателската функција на чело на Ракометната федерација. Ова би требало да се случи на следното Собрание кое се очекува да се одржи во периодот меѓу 15 февруари и 1 март.

-Јас нема да бидам кандидат за Изборно собрание, изјави првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов.

Со оваа негова најава дефинитивно доаѓа крајот на едно успешно раководење со Ракометната федерација на Македонија. Од доаѓањето на Мукаетов стандардите во сите национални тимови беа подигнати на ниво на познатите европски ракометни велесили, а додека самите домашни лиги добија многу поволности.

Следното раководство го чека тешка задача, треба да го задржи високиот стандард и одличните услови во кои уживаа сите национални тимови.

Претходно Мукаетов, ја резимираше претходната сезона, активностите на националните тимови и со посебен осврт на У20 Светското првенство што летово се одржа во Скопје, десеттото меѓународно натпреварување што го организираше оваа раководна структура на РФМ.

Тој објави повеќе детали меѓу кои и податокот дека на име на судски и делегатски такси се исплатени 11.909.000 денари, а тоа се средства што во минатото го плаќале клубовите, а сега е товар на РФМ.

119 милиони денари беше буџетот на РФМ минатата година, финансиското работење контролирано од незавсен ревизор, а целиот финансискиот извештај беше уредно презентиран и едногласно усвоен од делегатите на собранието.

Прочитајте уште...  Важни бодови за Холандија против Швајцарија

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.