Одбојкарите поразени во првиот контролен меч со Хрватска

Машката сениорска одбојкарска репрезентација загуби со 3:0, по сетови 25:19, 25:15 и 25:18, во првиот пријателски натпревар со Хрватска во Марибор, во рамките од подготовките за настапот во Европската Златна лига 2025.

Во договор меѓу селекторите Македонија и Хрватска одиграа и дополнителен четврти сет, кој го доби противникот со 25:23.

Уште пред заминувањето за Словенија и селекторот Миленкоски, но и репрезентативците потенцираа дека резултатот ќе биде во втор план, а дека она на кое ќе се стави акцент ќе биде темпирањето на формата и воочувањето на слабостите кои екипата ги има во играта. За да види со што располага стручниот штаб им даде шанса на сите 15 одбојкари кои се во составот и се правеа комбинации во играта.

Македонија денес во 17 часот, во „Драш спорт“ во Марибор со истиот противник го игра вториот пријателски натпревар, кој исто така ќе биде зад затворени врати.

Прочитајте уште...  Одбојкарките испуштија трета победа во Сребрената лига

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.