Голем успех на Трајковски, го освои осмото место на ЕП во сала

Андреас Трајковски го освои осмото место, во скок во далечина, на Европското првенство во сала.

На шампионатот во Апелдорн, Холандија, Македонија прв пат во историјата имаше финалист во една атлетска дисциплина.

Трајковски во квалификациите постави нов македонски рекорд, со прескокнати 7,85 метри. Во финалето, три пати престапи, имаше тр успешни скока. Скокот од 7,65 му ја донсе осмата позиција.

Златниот медал во оваа дисциплина го освои Бугаринот Божидар Сарабојуков кој го освои златото со 8,13. Оваа далечина ја оствари во последната серија. За еден сантиметар тој беше подобар од Италијанецот Матија Фурлани и Лестер Лескар од Шпанија.

Среброто му припадна на Италијанецот кој имаше подобра серија, бидејќи Шпанецот имаше само еден успешен скок, а пет пати престапи.

Инаку, главниот фаворит, олимпискиот шампион Гркот Тедоглу не се појави во скок во далечина поради болест.

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.