Неверојатен Норвежанец во еден ден урна два светски рекорди

Норвешкиот тркач на средни патеки Јакоб Ингебригтсен во четвртокот собори два светски рекорди во сала, од кои едниот траеше само пет дена.

Во трката на една милја (1609 метри), Норвежанецот го надмина резултатот на Џаред Нугусе и стана нов светски рекордер со време од 3:45,14 минути. Американецот рекордот го постави пред пет дена.

Ингебригтсен, исто така, постигна најдобро време на 1.500 метри (3.29.63) на истата трка во Лиеван, Франција, со што го собори светскиот рекорд во сала.

Во колекцијата златни медали, 24-годишниот норвешки спортист има два олимписки златни медали (1.500 и 5.000 метри), тој е двократен светски и шесткратен европски шампион.

Прочитајте уште...  Мекинтош постави трет светски рекорд во пливање за пет дена

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.