ВИДЕО) Италијанките од Конелјано се светски шампионки во одбојка

Oдбојкарките на италијанскиот Конелјанo ја освоија титулата светски првак совладувајќи го Тијанџин со 3:0, по сетови 25:21, 25:15, 25:20 во финалето на Светското клупско првенство, што се одржа во Хангжу, Кина.

За одбојкарите на Конелјано ова е трета клупска светска шампионска титула во историјата. Во мечот за третото место Веро волеј Милано го совлада Дентил Праја со 3:0 (25:23, 25:16, 25:13).

За најдобра играчка (МВП) на првенството прогласена е Швеѓанкта Изабел Хак, одбојкарката на Конелјано, која ја доби и наградата за најдобар коректор.

Најдобри блокери се српската репрезентативка, Хена Куртагиќ од тимот на Веро волеј Милано, како и Сара Фар од Конелјано. За најдобар либеро е избрана Лију Ливен од Тијанџин, додека Јоана Волош од Конелјано е најдобар блокер. Најдобри „ресивери“ (прием на сервис) се Ли Џингинг од Тијанџин и Жу Тинг од Конелјано.

Прочитајте уште...  Американски атлетичар собори светски рекорд стар 21 година

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.