Шифрин ќе паузира неколку недели по падот во Килингтон

Американската скијачка, Микаела Шифрин ќе отсуствува најмалку еден месец откако го повреди стомакот и претрпе тешка мускулна траума при падот на велеслаломската трка во Килингтон.

Шифрин ја бркаше 100-та победа во Светскиот куп (СК) во саботата кога изгуби рамнотежа и со полна брзина се заби во заштитната мрежа. Американката најави дека ќе бидат потребни „барем неколку недели“ за да може повторно да скија.

„Буквално имам рана на стомакот и прилично значајна мускулна траума на целиот стомачен мускул. Го почнуваме процесот на рехабилитација и се надевам дека наскоро ќе можам повторно да скијам“, изјави Шифрин.

Претходно Шифрин пропушти шест недели откако го повреди коленото во јануари на трката во спуст во Кортина д’Ампецо. Потоа целосно ја исфрли таа тешка и опасна дисциплината од својот распоред.

Шифрин е најуспешната алпска скијач(ка) во историјата на СК со 99 победи. Таа во март го надмина рекордот на шведскиот великан, Ингемар Стенмарк од 86 победи.

Прочитајте уште...  Неверојатен Норвежанец во еден ден урна два светски рекорди

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.