Германците бесни поради промената на правилата во ски скокови: „Тотална глупост“

Интернационалната скијачка федерација (ФИС) во новата сезона во скијачките скокови ќе и даде поголемо значење на естетиката отколку досега.

Телемарк, односно техниката на слетување во овој спорт, отсега ќе биде пособно важна, а неуредните приземјувања ќе се казнуваат со одземање три бода, а не два како што беше досега.

Во пресрет на почетокот на новата сезона во Светскиот куп (СК) во Лилехамер, Норвешка, Билд ги објави впечатоците на германските ски-скокачи кои се бесни на одлуката на ФИС.

– Тотална глупост. Ако летате далеку и го расипете телемаркот, нема да бидете на подиумот. Едноставно не е фер, изјави Маркус Ајзенбихлер.

Неговиот сонародник, Карл Гајгер исто така не е љубител на промената, која според него може да доведе до контроверзна распределба на бодовите. „Ние не се занимаваме со уметничко лизгање или со дресирање. Најдолгиот и најдобриот скок треба да победи“, рече Гајгер.

Во промената на ФИС се сомневаат и германскиот тренер, Стефан Хорнгахер и директорот на Германската скијачка федерација, Хорст Хутел, кој истакнува дека е потешко да се приземјуваат висококвалитетни скокови.

– Скоковите во далечина се одлични, но слетувањето со ова правило станува тест за издржливост, вели Хутел.

Андреас Велингер е меѓу ретките Германци на кои им се допаѓа промената, затоа што претходно беше познат по прекрасните слетувања.

„Убавите потези повеќе се наградуваат, а лошите се казнуваат. Мислам дека тоа е фер“, изјави Велингер, пренесува Билд.

Промената на правилото за прв пат ќе се примени в петок на мешаното натпреварување во Лилехамер.

Прочитајте уште...  (ВИДЕО) Тајсон: „Не се сеќавам на мечот со Пол. Ја прашав жена ми зошто боксував“!

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.