Тадеј Погачар со историски подвиг во велосипедизмот

Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар (26) стана светски шампион на друмската трка во Цирих, Швајцарија. На патеката долга 274 километри, Погачар се издвои од другите ривали на последните 50 километри и постигна историски успех за словенечкиот велосипедизам,

Погачар ја мина целта 34 секунди пред второпласираниот, освојувачот на сребрениот медал, Австралиецот, Бен О’Конор и 58 секунди пред ланскиот победник, Холанѓанецот, Матје ван дер Поел.

Тоа беше 86-та победа за Погачар и една од најголемите и најважните во кариерата. Годинава тој победи на 23 трки и стана третиот велосипедист во историјата кој ја освоил тројната круна во една сезона со победите на Џиро д’Италија, на Тур де Франс и на СП.

Пред Погачар, таков подвиг забележаа само Белгиецот, Еди Меркс ( во 1974) и Ирецот, Стивен Роуч (во 1987 година).

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.