Рони О’Саливен се повлече од Бритиш опен

Рони О’Саливен, еден од најдобрите и секако најпопуларниот снукер играч во историјата, се повлече од Отвореното првенство на Британија само неколку часа пред да го одигра првиот меч.

Англичанецот реши да го прескокне натпреварувањето во Челтенхем, иако веќе беше закажан меч од првото коло против Манасавин Петмалаикулан од Тајланд.

Рони напиша дека се повлекол „поради здравствени проблеми“, но не дефинираше за што точно се работи.

На негово место во главната ждрепка влезе аматерот Луис Ула, а публиката која веќе купи карти за да го гледа Рони секако беше разочарана.

О’Саливен се очекува да игра на Вухан Опен во Кина од 6 октомври.

Прочитајте уште...  (Видео) Атлетиката доби нова ѕвезда, 16-годишниот Гоут урна рекорд на Болт

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.