Погачар појаснува зошто не настапил на ОИ: „Бев уништен, по Тур де Франс телото ми се изгаси“

Големиот велосипедист, Словенецот, Тадеј Погачар (25) не настапи на годинашните Олимписки игри (ОИ). Иако како причина за тоа што не ја претставуваше Словенија во Париз го наведе заморот, неговото откажување од предизвика доста контроверзи.

Во словенечките медиуми беше нагласено дека една од причините е тоа што неговата свршеница, Уршка Жигарт, исто така професионална велосипедистка и актуелна шампионка на Словенија, не била дел од репрезентацијата во Париз.

Во написот беше наведено дека „Погачар официјално го откажа настапот во Париз поради замор, но контроверзите околу неуспехот на неговата вереница Уршка Жигарт да му се приклучи во олимпискиот тим не влијаеа позитивно на неговата одлука“.

Сега, еден месец по завршувањето на ОИ, Словенецот повторно нагласи дека исцрпеноста била главната причина за неодење во Париз.

– Не ми се допадна што многу луѓе ме туркаа на Игрите. Ми се јавија и ми рекоа дека морам да бидам таму бидејќи лесно ќе освојам медал. Ништо не е лесно во велосипедизмот, особено не на ОИ. Мислам дека ја донесов вистинската одлука затоа што ден по Тур де Франс бев целосно уништен.

Нозете ми беа уморни, сезоната беше тешка. Цело време бев во „најголема брзина“, бев во одлична форма. Откако заврши Тур де Франс, моето тело се изгаси и се чувствував прилично лошо во следните две недели, рече Погачар.

Погачар го освои третиот Тур де Франс годинава, по 2020 и 2021 година. Тој исто така има и две втори места, во 2022 и 2023 година, зад Данецот, Јонас Вињегард.

Тој стана осмиот возач во историјата на велосипедизмот кој победил на две од најголемите тринеделни трки во светот, на Џиро д’ Италија и на Тур во истата година.

Погачар освои бронза на друмската трка на ОИ 2021 година во Токио, а беше трет на друмската трка на Светското првенство (СП) во Глазгов 2023 година.

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.