Олимпискиот шампион ја заврши кариерата по тешкиот пад во Словенија

Повеќекратниот светски шампион и олимписки победник во скијачки скокови, Норвежанецот, Даниел-Андре Танде, одлучи да и стави крај на кариерата иако има само 30 години.

Танде се’ уште е во процес на опоравување од последиците по сериозниот пад што му се случи на словенечката Планица пред повеќе од три години. По падот Танде неколку дена беше во кома.

Пет месеци пред Светското првенство (СП), Танде преку Инстаграм објави дека се пензионира: „Морав да сфатам дека скокањето сега ми дава повеќе страв отколку радост. Отсекогаш сум велел дека во таква ситуација време е да се збогувам“.

Танде е олимписки победник во екипна конкуренција со норвешката репрезентација во Пјонгчанг 2018 година. Истата година го постигна најголемиот индивидуален успех во кариерата. Во Оберстдорф стана светски шампион во ски летови. Танде освои и три екипни светски злата.

Прочитајте уште...  Тадеј Погачар со историски подвиг во велосипедизмот

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.