Словенецот Роглич со четвртата титула го израмни рекорд на Вуелта!

Велосипедистот на Ред Бул Бора, Словенецот Примож Роглич ја освои четврта титула на шпанската Вуелта. На вчерашната последна, хронометарска етапа долга 24,6 километри, Роглич го освои второто место и ја зачува предноста во генераленот поредок, со вкупно време од 81; 49, 18 часа.

Втор беше Австралиецот Бен О’Конор од Декаталон кој имаше задоцнување од 2,36 минути, а трет Шпанецот, Енрик Мас од Мовистар кој трката ја заврши со 3,13 минути заостанување зад победникот.

– Чувството е навистина е убаво. Конечно се исплати целата работа што ја сработивме како тим. Секогаш се трудам да бидам професионален и да го извлечам максимумот од себе. Јас и мојот тим се жртвувавме, живеевме за ова. Многу сум среќен што го направив ова, рече Роглич.

Роглич (34) кој победи на Вуелта во 2019, 2020 и во 2021 година, како четирикратен шампион, се изедначи со Шпанецот Роберто Ерас (победи во 2000, 2003, 2004 и 2005-та) според бројот на титули.

Словенија пак стана само четвртата земја чии возачи успеале да победат во трите тринеделни трки гран тур трки во една година. Тоа претходно го постигнаа Французите во 1964, Шпанците во 2008-та  и Британците во 2018 година.

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.