Белград кандидат за домаќин на ЕП во атлетика 2028-та

Европската атлетика (ЕА) денеска потврди дека Белград, главниот град на Србија, и официјално станал кандидат за организација на најголемото атлетско натпреварување на Стариот континент, Европското првенство (ЕП) во атлетика 2028 година.

Оваа доаѓа како резултат на долгогодишните успеси и одличната работа на Атлетската федерација на Србија (АФС) во организацијата на меѓународните натпревари, што не остана незабележно кај ЕА.

Конкуренцијата за град-домаќин е силна, а главен ривал на Белград е полскиот град Сласк, познат по националниот атлетски стадион, на кој редовно се одржуваат натпреварите од Дијамантската лига и кој веќе беше домаќин на екипното ЕП.

Најголем предизвик за Белград ќе биде изградбата на национален атлетски стадион според највисоките европски и светски стандарди, кој ќе ги содржи сите потребни придружни содржини за атлетски натпревари од највисок ранг.

Белград го организираше ЕП во сала 2017 и Светското првенство (СП) во сала во 2022-та, како и СП во крос кантри 2024 година.

 

Прочитајте уште...  Тадеј Погачар со историски подвиг во велосипедизмот

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.