Оливера Наковска-Бикова осма во воздушен пиштол на игрите во Париз

Македонската спортистка Оливера Наковска-Бикова го освои 8. место во Воздушен пиштол – 10 метри на Параолимписките игри 2024 во Париз.

 

Наковска – Бикова, во квалификациите го освои петтото место со резултат од 558 кругови. Таа заврши како шестопласирана, меѓутоа иранката Шахи беше дисквалификувана заради контрола на оружје, не држеше доволно тежина нејзиниот пиштол.

– Во финалето, работите не се одвиваа според очекувањата, премногу нервоза, тремор…, и на крај 8. место во конечен пласман. Ова се шести параолимписки игри на кои настапува Оливера и на секоја од нив таа влегуваше во финале, вистинска потврда на квалитет. Утре е нов ден, нова можност, не чека нова дисциплина за два дена П3- Спорт пиштол 25 метри – истакна по финалето тренерот на македонската репрезентација, Бранимир Јовановски.

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.