Мора да се справиме со заморот, смета ѕвездата на Оклахома Сити Тандер, Шаи Гилџус-Александар

Највредниот играч во текот на регуларната сезона – Шаи Гилџус-Александар, верува дека неговиот тим Оклахома Сити Тандер мора да се справи со заморот пред четвртиот натпревар против Индијана Пејсерс во финалето на НБА, каде што „пешаците“ водат со 2:1.

-Остануваат најмногу четири натпревари оваа сезона. Работевме цела година од минатото лето за ова. Мислам дека мора да си ја завршиме работата и да победиме во следниот натпревар, категорично рече Канаѓанецот на прес-конференцијата по поразот во третиот натпревар.

За него, заморот е донекаде објаснување за лошата четврта четвртина против Индијана во средата. Гилџус-Александар постигна 72 поени во првите два натпревари, но беше задржан на 24 во третиот.

-Се обидуваме да му го отежниме животот, рече Ендру Нембхард од Индијана, еден од дефанзивците задолжени да го чуваат.

Прочитајте уште...  Најголемата размена во историјата на НБА, седум клуба разменија играчи

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.