Газдата на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, е суспендиран 10 месеци од спортски настани, односно во тој период не смее да влезе во сала, поради неодамнешниот инцидент во финалната серија од грчкото првенство, што фрли сенка врз спортот во Грција, а Спортската арбитража постапи како што постапи.
На денот кога двата најголеми грчки клуба ќе го играат третиот натпревар од финалната серија, Јанакопулос беше известен дека нема да присуствува на остатокот од борбата за титулата национален шампион.
Освен казната, Јанакопулос ќе биде казнет и со 20.000 евра, додека тренерот Ергин Атаман ќе плати и четвртина помалку од споменатата сума.