Именувани селектори на младински кошаркарски репрезентации

Кошаркарската федерација на Македонија донесе одлука за именување на селектори во националните селекции пред кои се обврски за настап на младинските Европски првенства.

За селектор на М16 женска репрезентација која ќе земе учество на ЕП од Дивизијата „Б“ во Турција, именуван е Оливер Стојмановиќ.

Покрај тоа, во оној женски репрезентативен сегмент, за селектор на М18 репрезентација, која ќе учествува на ЕП од Дивизијата „Б“ во Литванија, е избран Виктор Петровски.

Селектор на М16 машката национална селекција, која ја чека настап на Евробаскетот од Дивизијата „Б“ во Скопје, ќе биде Нермин Пепиќ.

Едногласна поддршка од Управниот Одбор на КФСМ, за селектор на М18 машка репрезентација која е дел од „А“ Дивизијата на Европското првенство во Србија, доби Горан Андреевски, додека пак предводник на М20 машката репрезентација која ќе настапува на ЕП од Дивизијата „Б“ во Ерменија, е Горан Самарџиев.

Прочитајте уште...  Куманово ќе биде домаќин на македонските кошаркари за мечевите со Унгарија и Романија

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.