Милвоки Бакс ќе ја продолжи соработката со Јанис

Грчкиот кошаркар Јанис Адетокумбо сака да ја продолжи соработката со Милвоки Бакс.

Според изворите блиски до франшизата, на денешниот состанок меѓу управата на Бакс и Адетокумбо биле донесени одлуки за иднината на грчкиот интернационалец, но и на целокупниот тим.

Двете страни се согласиле да ја продолжат соработката, но и да работат на зајакнување на тимот за враќање на шампионскиот трон.

По испаѓањето на Милвоки од првата рунда во плеј-офот пристигнаа вести дека Адетокумбо нема иднина во екипата на Бакс и дека Гркот набрзо ќе побара трејд. Како заинтересирани екипи за услугите на Јанис се јавија Оклахома Тандер и Хјустон Рокетс.

Прочитајте уште...  (Видео) Оклахома го врати брејкот, Шеј ги предводеше Тандер до 2:2 во финалната серија

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.