МЗТ убедливо го порази Работнички и си закажа полуфинале со Пелистер

Бранителот на трофејот во Купот на Македонија, тимот на МЗТ Скопје Аеродром вечерва во Гевгелија го совлада Работнички со убедливи 97:63. Ова беше последното четвртфинале од денешната програма на кошаркарски куп „Благоја Георгиевски – Буштур 2025“.

МЗТ Скопје утре во полуфиналето ќе се соочи со Пелистер кој во четвртфиналето го победи Чаир со 76:72.

Домаќинот на турнирот, Кожув го совлада Куманово со 81:69 и обезбеди полуфинале против Гостивар кој беше поуспешен од ТФТ со 72:62.

Утре на распоредот се полуфиналните средби, прво во женска, а потоа во машка конкуренција.

Прочитајте уште...  (Видео) Нестварен кош за победа во Аргентина

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.