Евролига: Ц.Звезда подобра од Макаби

Црвена Звезда излезе како победник од соочувањето во Макаби Тел Авив во 17.коло во кошаркарската Евролига.

Клубот од Белград иако покажа две лица на крајот триумфираше со 81:73 и сега има учинок 9-8 како наредниот противник Барселона со кого на 27 декември ќе се соочи во „Палау Блауграна“.

Боломбој со 17 и Дос Сантос со 15 поени беа најдобри стрелци, додека за израелците не беа доволни ниту 21 поен на Соркин.

Барселона продолжи да игра „топло-ладно“, па откако го преслуша Фенербахче падна во Болоња кај Виртус, составот кој играше без најдобриот играч Шенгелија.

Кординие беше нерешлива енигма за каталонците со 24 поени, 6 скока и 7 асистенции. Паркер и Пантер за поразените искомбинираа 38 поени.

Прочитајте уште...  Мора да се справиме со заморот, смета ѕвездата на Оклахома Сити Тандер, Шаи Гилџус-Александар

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.