(ВИДЕО) Јокиќ повторно одличен, но Денвер загуби од Портланд во последната секунда!

Денвер нагетс загубија од Портланд трејлблејзерс во напната завршница 124:126. Херој на средбата беше Анферни Симонс кој натпреварот го заврши со 28 поени, а двата најважни ги постигна со звукот на сирената, во последната секунда од мечот.

Симонс го мина својот чувар, Расел Вестбрук, Никола Јокиќ не го затвори навреме влезот кон кошот и Портланд победи со тие поени.

Српскиот центар и актуелен МВП одигра одличен натпревар за Денвер, даде 34 поени, имаше осум асистенции и шест скока. Но, доби критики за (не)играњето одбрана во последниот напад. Корисниците на Х напишаа многу лоши работи за српскиот центар.

Јокиќ игра фантастична сезона и сам ги влече Нагетс кои не се на исто ниво како минатата сезона. Тие се на шестото место во Западната конференција со скор 14:11. Јокиќ има ефект од 31 поен, 13 скока и 10 асистенции по натпревар. Ова го прави најефективниот играч во лигата сезонава.

Прочитајте уште...  (Видео) Оклахома на чекор до шампионскиот прстен

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.