НБА лига: Петта победа по ред за Селтикс на домашен терен, Вулвс подобри од Лејкерс

Актуелниот НБА шампион, Бостон селтикс, ја извојува петтата последователна победа на домашен терен победувајќи ги ривалите од Источната конференција, Мајами хит, со 108:89.

Шампионите остварија клучна предност во втората четвртина, па на полувреме заминаа со водство од 60:45 и потоа мирно ја одржуваа до крај. Џејлен Браун беше најефикасен кај Селтикс со 29 поени, а Пејтон Причард додаде 25 од клупата.

Со скор 17:4, Бостон е на второто место на Истокот и во целата лига. Подобар е само Кливленд со 18:3, а Мајами падна под 50 отсто и е на седмото место на Истокот со 9:10.

Минесота тимбервулфс на свој терен убедливо го победи Лос Анџелес лејкерс со 109:80. Прашањето за победникот беше решено многу брзо, па играчите од клупата на двата тима добија голема минутажа.

Со скор 10:10, Вулвс се на 11. место на Западот, додека Лејкерси се на осмата позиција со 12:9. Во последниот меч од вечерта, Чикаго булс го декласираа Бруклин нетс,128:102. Џош Гиди забележа трипл-дабл за домашниот тим со 20 поени, 13 скока и 11 асистенции.

Прочитајте уште...  ФИБА Европа: Немојте да го отпишувате тимот со Димитријевиќ и Шортс

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.