(ВИДЕО) Дончиќ се врати и го одигра натпреварот на сезоната. Повторно ги помести границите

Лука Дончиќ се врати на терените откако пропушти пет натпревари поради повреда на зглобот и го одигра најдобриот натпревар сезонава. Тој и ги предводеше Далас маверикс до победа над Портланд трејлблејзерс од 137:131.

Словенецот постигна 36 поени, четири помалку од сезонскиот ефект, со 13 асистенции, седум скока и три украдени топки, со 15/24 шут од поле, од кои 4/10 тројки.

Впечатокот малку го расипа впромашувајќи две од четирите слободни фрлања и со трите загубени топки. Дончиќ изби на третото место на сите времиња според бројот на натпревари со ефект од најмалку 35 поени и 10 асистенции иако има само 25 години.

Маверикс играа добро и без него и победија на четири од петте натпревари што ги пропушти Дончиќ, вкупно осум од последните девет. Сега имаат скор 13:8, што ги става на петтото место на силниот и избалансиран Запад.

На овој натпревар беа без Кајри Ирвинг и стартниот центар Дерек Лајвли, како и без Наџи Маршал, кој одлично го замени Дончиќ во стартната петорка додека беше отсутен.

Резултати:
Бруклин – Орландо 92:100
Мемфис – Индијана 136:121
Кливленд – Бостон 115:111
Њујорк – Њу Орлеанс 118:85
Торонто – Мајами 119:116
Хјустон – Оклахома Сити 119:116
Јута – ЛА Лејкерс 104:105
Портланд – Далас 131:137
Сакраменто – Сан Антонио 125:127
ЛА Клиперс – Денвер 126:122

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.