(ФОТО) НБА лига: Јокиќ повторно блеска. На „чекор“ е до Меџик Џонсон

Минатата ноќ се одиграа 14 натпревари во НБА лигата, а Никола Јокиќ беше тој што го „украде шоуто“. Центарот на Денвер нагетс постигна 30 поени, забележа 10 скока и имаше седум асистенции во победата над Јута џез од 122:103.

Тој погоди 13/19 удари од поле, 2/3 тројки, имаше 2/3 од линијата за слободни фрлања, а на сето тоа додаде по една украдена топка и блокада, со само една загубена топка за 34 минути минати на паркетот.

Јокиќ така на најдобар можен начин му „одговори“ на тренерот Мајк Мелоун по тешкиот домашен пораз од Њујорк никс пред неколку дена. Мелоун тврдеше дека играчите на Денвер се посрамотиле и морале да покажат многу повеќе, пред се’, играчите од стартната петорка, меѓу кои е и Јокиќ.

Јокиќ сега брка историја, му недостига само еден трипл-дабл за да се израмни на третото место на листата со Меџик Џонсон кој има 138.

Прочитајте уште...  (ВИДЕО) Јокиќ повторно ги поместува границите: Во опасност се сите НБА рекорди!

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.