Димитријевиќ: Очекувам да одиграме квалитетно од првата минута во Клаипеда

Во денешниот напревар (18.30 часот) во квалификациите за Европското првенство 2025 македонската кошаркарска сениорска репрезентација против Литванија во Клаипеда влегува со многу мотиви, и обид да се стигне до позитивен резултат.

Во составот ќе биде и еден од нашите најдобри репрезентативци, Ненад Димитријевиќ, на кој сигурно Литванците ќе посветат најголемо внимание. Поради клупските обврски нашиот тим ќе биде ослабен со неиграњето на Кристијан Николов.

– Знаеме како треба да одиграме, нешто налик на она што го одигравме во оние втори 20 минути од средбата во Скопје. Очекувам да одиграме квалитетно од првата минута и ќе се обидеме да одржиме ритам во текот на целиот меч, без некои преголеми осцилации. Она што е од исклучителна важност е скок-играта. Реално е дека не може да очекувате позитивен резултат ако имате дваесетина скокови помалку од противникот. Јасни се проблемите и лимитираноста во играта под рекетот. Но затоа високите играчи мора да добијат помош и од нас, од играчите од надворешната линија. Односно сите заедно повеќе да учествуваме во таа скок-игра. Ако го оствариме тоа, ќе биде одлично – вели капитенот на „црвено-жолтите“ кои во овој момент се во негативен скор, односно една победа и два порази по три одиграни кола.

Од 17.00 часот ќе се игра и вториот натпревар во нашата „Х“ квалификациска група. Во Талин, Естонија ја дочекува селекцијата на Полска. И со евентуален успех, домаќините ќе бидат пред промоцијата на учесник на Европското првенство, каде како еден од ко-организаторите, Полска има директен пласман, и овие квалификации ги игра скоро како „ревијални“.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2025

Прочитајте уште...  Џими Батлер ќе го напушти Мајами

ГРУПА „Х“

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ – 4 КОЛО (24 НОЕМВРИ)

17.00: Естонија – Полска
18.30: Литванија – МАКЕДОНИЈА

Табела: Естонија 6 бодови, Литванија 5, Македонија 4, Полска 3.

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.