(ВИДЕО) Најдобриот тим во НБА го забележа првиот пораз сезонава

Кливленд кавалирс го претрпе првиот пораз во тековната сезона по неверојатниот старт од 15 последователни победи. Во 16. натпревар сезонава, актуелниот НБА шампион Бостон селтикс беше подобар од Кавалирс пред своите навивачи, 120:117.

Во третата четвртина од натпреварот Бостон имаше предност од 21 поен (71:50), а потоа Кавалирс направија одлична серија за да стигнат до негатива од само два поена (84:86), но не можеа повеќе од тоа.

Бостон до победата го предводеа Џејсон Тејтум (33 поени, 12 скока, седум асистенции) и Ал Хорфорд (20 поени, седум скока). Кај Кливленд најмногу покажа Донован Мичел, постигнувајќи 35 поени и осум фатени топки.

Петнаесет победи на почетокот од сезоната е најдобриот почеток на натпреварувачка година за Кавалирс во клупската историја и четврта таква досега во НБА.

Голден Стејт вориорс (2016), Хјустон рокитс (1994) и Вашингтон капитолс (1949 година) беа тимовите што го направија тоа пред Кливленд, со тоа што Вориорс имаа и 24:0 во сезоната во која завршија со 73:9, но останаа без титула.

Сите тие екипи играа во НБА финалето, а Хјустон е единствениот кој освои шампионски прстен по доминантното отворање на сезоната.

 

Прочитајте уште...  Познати полуфиналистите во НБА купот

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.