(ФОТО) ФИБА: „Светислав Пешиќ е еден од најголемите тренери на сите времиња“

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) му посвети посебен текст на селекторот на Србија во заминување, Светислав Пешиќ.

Пешиќ остави длабока трага во светската кошарка, па не е чудно што ФИБА реши да се огласи кога објави дека го завршил своето селекторување. Сепак, ваквите убави зборови позитивно ги изненадија сите.

– Пешиќ е еден од најголемите тренери на сите времиња,  објави ФИБА, правејќи преглед на неговата кариера.

Таму се зборува за златото со Германија на Евробаскетот 1993 година, потоа за уште две злата, на Европското и Светското првенство со Југославија, во 2001 и 2002 година, па до последните успеси постигнати со српската репрезентација на Мундобаскетот 2023  (сребро) и на Олимписките игри (ОИ) годинава (бронза).

ФИБА истакнува дека Србинот е член на нивната „Куќа на славните“ од 2020 година и на крајот додава дека „Пешиќ ја остава Србија во добра ситуација и ја напушта меѓународната кошарка како победник“.

Прочитајте уште...  Небојша Човиќ и официјално нов претседател на КС на Србија

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.