Со заминувањето на српскиот кошаркарски селектор, Светислав Пешиќ почнува нов циклус на промени во КСС. Потврдено е заминувањето и на првиот човек, Предраг Даниловиќ, како и на директорот на репрезентацијата, Драган Тарлиќ.
Рокот за назначување на новото раководство и поднесување кандидатури е 24 септември, по што на 1 октомври ќе се одржи Седницата на која треба да биде избран првиот човек на српската кошарка.
Што се однесува до наследникот на Пешиќ, „Спортски журнал“ пишува дека се’ води кон две познати и докажани имиња, Александар Саша Ѓорѓевиќ и Саша Обрадовиќ.
Ѓорѓевиќ по заминувањето од Кина е слободен, моментално одмора, а заслужен е и за првата серија медали, освои европско, светско и олимписко сребро.
Обрадовиќ има сигурна работа во Монако, но можно е оваа успешна генерација да му го отвори апетитот да го наследи Пешиќ. Во последните две сезони тој беше на фајнл-форот во Евролигата, во зрели тренерски години е и има авторитет.