Пешиќ повеќе не е селектор на Србија!

Искусниот кошаркарски селектор Светислав Пешиќ повеќе не е селектор на Србија! Како што пренесува „СпортКлуб“, освојувачот на светското сребро и на олимписката бронза го напушта кормилото на националниот тим.

Оваа одлука е големо изненадување во српската кошарка, бидејќи се очекуваше Пешиќ да ја води репрезентацијата и во следниот циклус.

Со заминувањето на селекторот Светислав Пешиќ продолжува трендот во Кошаркарската федерација на Србија (КФС). Претседателот Предраг Саша Даниловиќ поднесе оставка, а досегашниот директор на репрезентацијата, Драган Тарлаќ неодамна стана спортски директор на Баерн Минхен и веќе учествува во создавањето на тимот за новата сезона.

– Претседателот на федерацијата поднесе оставка. Како што разбрав, тој тоа го направи за да му овозможи на новото раководство да формира нов стручен штаб и цели на почетокот на новиот олимписки циклус.

Јас уште пред Париз најавив дека некој друг треба да го продолжи тоа што го почнав. Бидејќи гледам дека некои не ме слушнале добро, сега пак им кажувам на одговорните дека, меѓу другото ќе треба да бараат и нов селектор.

Секогаш ќе и бидам на располагање на српската кошарка, но ќе се свртам кон некои други цели и проекти за кои немав време бидејќи и бев на услуга на српската репрезентација 24 часа, изјави Пешиќ.

Вториот мандат на клупата на репрезентацијата Светислав Пешиќ го завршува со два медала, сребрен лани на Мундобаскетот чии домаќини беа Филипините, Јапонија и Индонезија и бронзен на Олимписките игри (ОИ) во Париз годинава.

За време на неговиот прв мандат, меѓу 2000 и 2002 година, Пешиќ ја предводеше репрезентацијата на Југославија до златото на Европското првенство (ЕП) во Турција 2001 и на Мундобаскетот во САД 2002-та.

Прочитајте уште...  Во комплициран трејд, Партизан загуби важен играч пред почетокот на Евролигата

Пешиќ изгради една од најголемите тренерски кариери во европската кошарка. Како играч беше европски првак со Босна 1979-та, а потоа како тренер тоа го повтори на клупата на Барселона.

Ги водеше и Алба, Лотоматика, Динамо од Москва, Црвена ѕвезда, Баерн, а беше и селектор на Германија со која беше европски првак во 1993-та.

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.