Светислав Пешиќ, селектор на српската кошаркарска репрезентација, беше гостин на меморијалниот натпревар посветен на Дражен Петровиќ. Неговиот престој во Загреб беше можност за разговар со хрватските новинари за актуелните кошаркарски теми.
На прашањето дали му пречи што многу луѓе во Србија и натаму немаат верба во него, Пешиќ одговари.
– Не, воопшто. Знам зошто е тоа. Видете, јас сум роден во Југославија. Добро, од Србија сум, но роден сум во земјата што тогаш се викаше Југославија. Минав малку време во Србија.
Како млад човек, на 19 години, отидов во Сараево и во Босна минав голем дел од животот. Потоа заминав за Германија. Јас сум таму, како што велат во Србија, некој вид тренер гостин. Доаѓам и си заминувам.
Искрено повеќе сакам да ме ценат и да ме почитуваат отколку само да ме сакаат. Тоа не ме интересира. Те сакаат тие што седат по кафеани, но јас водам поинаков живот. Ги бирам луѓето со кои ќе пијам кафе и ќе се дружам, објасни Пешиќ за Индекс.
За друго немам енергија ниту време. Второ, јас сум многу остар и искрен и честопати знам да го кажам она што многу луѓе не сакаат да го слушнат. Честопати ги предупредувам луѓето во Србија дека сме на вистинскиот пат да ја стигнеме Хрватска во кошарка.
А тоа значи дека ние сме на вистинскиот пат да го допреме дното како и вие. Ако нешто не се смени во главите на луѓето кои ја водат српската кошарка и кои се одговорни, ќе бидеме среќни доколку се пласираме на ЕП и на СП.
Олимписките игри можеме да ги заборавиме. Луѓето не сакаат да го слушаат тоа. Затоа и не е чудно што никогаш не бев целосно интегриран во српската кошарка, истакна Пешиќ.