МЗТ Скопје Аеродром и ТФТ ќе играат во финалето на Меморијалниот турнир „Андреј Грковски“

Двата скопски тима, ТФТ и МЗТ Скопје ќе играат во финалето на Меморијалниот турнир „Андреј Грковски“ во СРЦ „Кале“.

Убедлива победа запиша шампионот МЗТ Скопје против Работнични со 67-52 и најави успешна сезона. Момците на Атанасов доминантно ја почнаа средбата, уште по првата четвртина дојдоа до 22-6, разлика која ја задржаа до самиот крај.

Војдан Стојановски со 10 поени и 6 скока беше најефикасен кај „металците“, Марин Петков и Милош Копривица постигнаа по 9 поени, додека Андреј Магдевски и Марко Баковиќ дополнија со по 7 поени.

МЗТ Скопје во финалната пресметка ќе игра против ТФТ, кој славеше против Кожув со 78-72.

Прочитајте уште...  Во комплициран трејд, Партизан загуби важен играч пред почетокот на Евролигата

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.