Смаилагиќ: Морав да заминам од Партизан, нешто чудно се случува во Србија

Ален Смаилагиќ пред неколку недели се збогуваше со Партизан после три сезони поминати во белградскиот клуб.

Тој по Партизан ќе настапува за екипата на Жалгирис, а во разговор за „Баскет Њуз“, откри зошто го напуштил Партизан и Србија.

– Не беше тоа одлука, едноставно имав подобра прилика да играм кошарка. Во Србија се случуваат чудни работи за кои не сакам многу да зборувам. Не сакав да бидам опкружен со таква енергија.

– Партизан е сјаен како клуб, тренерот исто така, Обрадовиќ ми е како втор татко. Но некои работи што се случуват во земјата, а не беа во наша контрола, едноставно не се објаснуваа, не сакав да бидам дел од тоа. Не сакам со никого да се расправам, само сакам да играм кошарка и да уживам во неа.

– Немаше никакви расправии, бевме единствени во соблекувалната, заедно со тренерот, само се случуваа некои работи кои беа надвор од наша контрола, дури и вон контрола на тренерот, тоа доаѓаше од страна, тешки одлуки мора да се донесат во тешки времиња, објаснува Ален Смаилагиќ.

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.