(ФОТО) Пристигна елитата за Меморијалниот меч во спомен на Дражен

Пред Меморијалниот меч во спомен и чест на Дражен Петровиќ, во хотелот „Вестин“ во Загреб се собраа многубројни ѕвезди од кошаркарскиот свет. Дојдоа поранешните хрватски кошаркари Дино Раѓа, Гордан Гиричек, Тони Кукоч и поранешните ѕвезди од регионот, од Србија како Владе Дивац и Жарко Паспаљ.

 

Жељко Обрадовиќ, Светислав Пешиќ и Невен Спахија ја предводат тренерската елита која исто така ќе биде присутна вечерва во загрепската арена, каде што ќе се одигра натпреварот во кој едниот тим ќе го сочинуваат најдобрите хрватски играчи, а другиот ќе бидат играчи од Евролигата.

Целата акција ја иницираше братот на Дражен, Александар Петровиќ, познат поранешен хрватски играч, потоа тренер и селектор.

Билетите за натпреварот одамна се распродадени, а денеска се очекува пристигнувањето и на уште неколку големи кошаркарски имиња како Никос Галис,  Лука Дончиќ и други.

Прочитајте уште...  Најголемата размена во историјата на НБА, седум клуба разменија играчи

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.