Венсан Коле ја напушта француската репрезентација

Легендарниот селектор на француската кошаркарска репрезентација, Венсан Коле реши да се повлече од функцијата по освојувањето на сребрениот медал на Олимписките игри (ОИ) во Париз.

По поразот од САД во финалето, тој навести дека си  ја завршил работата на чело на репрезентацијата, а се чини дека сега и официјално е така. На селекторската функција тој дојде во 2009-та, а оттогаш, во периодот од 15 години, стана најуспешниот селектор на француската репрезентација.

Тој освои осум медали, еден златен, четири сребрени и три бронзени. Покрај тоа, тој има најмногу победи како селектор, но и најдобар процент на победи и порази.

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.