Денес има голема понуда за обложување, а ние за вас ќе го анализираме дербито од Серија А помеѓу Наполи и Рома.
Наполи сака да се врати на победите
Наполи минатата сезона беше големо разочарување, па поради тоа ова лето се напрација драстични промени, а на кормилто пристигна Конте од кого многу се очекува. Веднаш се гледа дека Наполи под водство на Конте е препороден и оваа сезона е фаворит од сенка за Скудетото. Не играат во Европа и тоа ќе биде голема предност бидејќи сета енергија ќе ја насочат кон Серија А. Меѓутоа до сега и распоредот беше на нивна страна, па во последните две кола освоија само еден бод против Аталанта и Интер. Тоа значеше и пад на табелата, па со победа на овој меч Наполи ќе се врати на врвот на табелата. Ова е шанса дека тимот на Конте знае да победува и во дерби натпреварите, а и ситуацијата во Рома е лоша, па се големи фаворити на овој меч.
Рома со трет тренер сезонава
Рома лошо ја отворија сезоната па после само четири кола имаше тренерска смена и Де Роси доби отказ. Пристигна нов тренер но Јуриќ не промени ништо на подобро, напротив атмосферата во тимот е многу лоша. Рома добро се засили во летниот преоден рок, но новите засилувања до сега ништо не покажаа. После дебаклот кој го доживеаа против Фиорентина, клубот се одлучи за нова тренерска смена и беше доведен Раниери. Прашање е колку може да се поправи од оваа сезона, но јасно е дека Рома има квалитет и прашање на време е кога ќе почне да се искачува на табелата. Моментално е на 12-то место на табелата и тимот е во лоша форма, па доживеа четири порази на последните пет меча. Ова е едно од најтешките гостувања, па со реми сигурно би биле задоволни.
Очекување
Формата и квалитетот се на страната на Наполи, но Рома сигурно нема лесно да се предаде и ќе се обиде да избегне пораз.
ТИП
Наполи – Рома – ГГ @ 1.75 во Mozzart