Денес има многу мала понуда за обложување, а ние ќе го анализираме дуелот од ерменската лига помеѓу Пјуник и Вест Америка.
Пјуник е прв фаворит за титулата
По 13 одиграни кола, екипата на Пјуник запиша 10 победи, 1 реми и 2 порази и моментално се наоѓа на второто место со 31 освоен бод. Имаат дури 3 натпревари помалку од првопласираниот Урарту и по овој натпревар можат да стигнат до лидерската позиција. На последните 5 натпревари играат во одлична форма и запишаа исто толку победи. Со само 9 примени гола ја имаат најдобрата одбрана во лигата. Без никаков сомнеж Пјуник е најсилен тим во лигата и е прв фаворит за освојување на титулата, па на овој меч без проблем треба да ги освои трите бода.
Вест Америка се бори за опстанок
Екипата на Вест Америка по 14 одиграни кола оствари 4 триумфи, 2 нерешени и 8 порази, а моментално се наоѓа на 8-та позиција со 14 освоени бодови. По серијата добри резултати во последните 2 кола освоија само еден бод. Со 28 примени гола ја имаат една од најлошите одбрани во целата одбрана. Целта на овој тим е да избори опстанок во елитата и не би требало да има проблем за тоа, но ќе мора што поскоро да почне да победува бидејќи е само два бода до опасната зона. Ова секако е најтешкото гостување во лигата и ќе биде потребно „чудо“ да останат непоразени.
Очекување
Квалитетот и формата се на страната на домаќинот кој има одличен напад и игра против најслабата одбрана па очекуваме многу голови.
ТИП
Пјуник – Вест Америка – 3+ @ 1.50 во Mozzart