Денес има многу мала понуда за обложување, а ние ќе го анализираме дуелот од квалификациите за Африканскиот Куп помеѓу Намибија и Камерун.
Намибија без ниту еден бод
Селекцијата на Бестрашните воини, како што е наречена селекцијата на Намибија, се уште нема ниту еден бод во тековните квалификации за континенталниот шампионат што ќе се одиграат на почетокот на 2026 година во Мароко. Тие беа пријатно изненадување на претходниот Африкански куп на нации, ја минаа групата иако како третопласирана репрезентација зад Јужна Африка и Мали, и испаднаа во осминафиналето од Ангола. Поради тоа многу повеќе се очекуваше од оваа селекција во квалификациите, но до сега на четири меча запишаа четири порази, а сега го пречекуваат лидерот во групата и имаат мали шанси.
Камерун е лидер во групата
Една од најдобрите африкански селекции моментално е лидер во групата со 10 освоени бода по четири одиграни кола. Имаат три победи и едно реми и речиси сигурно ќе заземат едно од првите две места и ќе одат во Мароко. Тие ја победија Наминија дома и Кенија двапати, додека ремизираа без голови со Зимбабве. На претходниот Африкански куп на нации се пласираа само во осминафиналето каде беа поразени од Нигерија со 2:0. Камерунците играа и на последното Светско првенство каде не се пласираа во нокаут фазата, но направија нешто што пред нив не можеше да го направи ниту една репрезентација од Црниот континент, го победија Бразил. Иако за нив овој меч нема големо резултатско значење сепак ќе играат за победа.
Очекување
Квалитетот и традицијата се на страната на гостите и веруваме дека без поголеми потешкотии ќе ги освојат трите бода на овој меч.
ТИП
Намибија – Камерун –2 @ 1.50 во Mozzart