Денес имаме голема понуда за обложување бидејќи на програмата се натпреварите од Лига Европа, а ние ќе го анализираме дуелот помеѓу Олимпијакос и Ренџерс.
Олимпијакос игра одлично во Европа
На стартот од Лигата на Европа, тимот од Пиреја претрпе пораз од 2:0 од Лион. Сепак, во следните два натпревари покажаа дека тоа бил само слаб ден. Прво ја декласираа Брага на својот Караискаки со 3:0, а потоа успеаја да победат на тешкото гостување во Малме. Во домашното првенство црвено-белите од Пиреја се изедначени на третото место, но лигата е толку израмнета што лидерот Арис има само три бода повеќе, а седмопласираниот Панетоликос само три помалку од нив. Олимпијакос секако до крај ќе се бори за титулата, но и Лига Европа е важна за нив и како минимална цел е пласман во плеј-офот.
Ренџерс задоволен со реми
Ренџерси веќе ја загубија шансата да се борат за титулата во Шкотска. Најголемиот ривал Селтик по само 10 одиграни кола веќе побегна на 9 поени разлика, а на исто растојание е и второпласираниот Абердин од кого во претходното коло беше поразен Ренџерс. Абердин најверојатно ќе биде нивна мета бидејќи второто место значи и пласман во Лигата на шампионите следното лето. Во Лига Европа, Ренџерс на стартот победи против Малме, потоа загубија од Лион на домашен терен, а во третото коло победија против Стеауа. Сеуште имаат изггледни шанси да се пласираат во плеј-офот, иако на ова гостување би биле задоволни и со реми.
Очекување
Квалитетот и домашниот терен се на страната на Олимпијакос, кој е во добра форма и веруваме дека ќе ги освои трите бода.
ТИП
Олимпијакос – Ренџерс – 1 @ 1.95 во Mozzart