ТИП НА ДЕНОТ (26.10.2024, 21:00) РЕАЛ МАДРИД – БАРСЕЛОНА – Спортски Портал

Тип на денот

Денес има богата понуда за обложување, но сите очеку ќе бидат вперени во големото Ел Класико кое се игра на „Сантиаго Бернабеу“.

Реал нема право на кикс

Реал Мадрид оваа сезона не игра добро според очекувања, но сепак победува и запишува добри резултати.Со доаѓањето на Мбапе ова лето се очекуваше дека „кралевите“ ќе бидат многу поубедливи, а јасно се гледа дека имаат потешкотии во играта. Критиките на сметка на играта се се поголеми, но впечатокот е дека само прашање на време е кога Реал ќе влези во вистинска форма. Квалитетот е огромен и Реал и оваа сезона е прв фаворит во сите натпреварувања. Во Лигата на шампиони минатото коло запиша голема победа и самодовербата во тимот е голема, но ова е посебен дуел против најголемиот ривал. Повредите се голем проблем за Анчелоти, кој за овај меч нема да може да смета ниту на Родриго и Куртоа, кои се поврдиа пред неколку дена. Реал веќе заостанува три бода зад Барса и не смее да си дозволи пораз.

Барселона изненадува оваа сезона

Барселона ова лето имаше многу турбуленции, дојде нов тренер Ханзи Флик, а финансиските проблеми во клубот останаа. На крајот Барса го задржа костурот и го доведе Дани Олмо, но сепак впечатокот беше дека заостанува зад Реал Мадрид по квалитет. Меѓутоа, Каталонците изненадуваат и имаат одличен старт во прветството. Флик веднаш успеа да го наметне својот стил на игра и да создаде компактна екипа, иако има многу повредени фудбалери. Во Лигата на шампиони пред неколку дена го прегазија Баерн Минхен и со тоа потврдија дека се враќаат во славните денови, Имаат исклучително млад состав, но многу квалитетен, а оваа сезона блеска и Рафиња. Ова ќе биде најголем тест за овој тим од почетокот на сезоната и со евентуална победа ќе бидат први фаворити за титулата.Барселона загуби на последните три официјални натпревари против Реал, па сега ќе сака да ја прекине црната серија против најголемиот ривал.

Прочитајте уште...  ТИП НА ДЕНОТ (09.12.2024, 21:00) ВЕСТ ХЕМ – ВУЛВЕРХЕМПТОН – Спортски Портал

Очекување

Ова е најголемото дерби во европскиот фудбал и резултатот секогаш е непредвидлив, но по традиција Ел Класико е богата со голови, па веруваме дека така ќе биде и овој пат.

ТИП

Реал Мадрид – Барселона – 3+ @ 1.70 во Mozzart

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.